Балкан
12. September 2016 - 13:02

Умерен земјотрес го погоди западниот дел на Турција

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтерова скала денеска претпладне е регистриран во округот Маниса, во западниот дел на Турција.

Според турската Дирекција за управување со кризи и вонредни ситуации, епицентарот на потресот се наоѓал во реонот на градот Акхисар, на длабочина од 22,92 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотресот ги вознемирил и жителите на поблиските градови и окрузи.