Балкан
29. November 2016 - 8:23

Умерен земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа по полноќ јужно од островот Крит.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во морето на 71 километар од островот Гавдос, на длабочина од 12 километри.

Засега нема информации за евентуални настрадани или за причинета материјална штета.