Живот
10. April 2017 - 15:48

Уловил риба тешка 600 килограми и станал милионер!

Човек во Иран уловил белуга тешка околу 600 килограми.

Некои сметаат дека е уловен сом, додека други мислат дека станува збор за белуга од Касписко море.

Белугата е барана поради кавијар, а оваа женка наводно во моментот кога е уловена имала во себе 93 килограми икри. Оваа риба може да живе 118 години, загрозена врста која ја ловат поради кавијарот.

Инаку ова не е најголемиот уловен примерок. Забележано е дека 1827 г. е уловена женка тешка 1.571 килограм и долга 7,2 метри.

Според некои податоци, за килограм кавијар треба да се издвојат помеѓу 7.000 и 10.000 долари, што значи дека овој среќник може да заработи само околу 650.000 долари и тоа само од икри.