Живот
29. November 2017 - 21:01

Уловија сом од 185 килограми: Во утробата пронајдоа човечки коски, се шокираа кога дознаа чии остатоци се тоа

Во утробата на сомот тежок 185 килограми се пронајдени човечки коски, а кога е откриено кому му припаѓаа се шокирале.

Полските риболовци Алфонс Брзовски и Марек Ждановиќ уловиле во реката Одра сом стар меѓу 90 и 110 години. Овој капиталец бил тежок 185 килограми, но она што е посебно интересно во целата приказна е тоа што го пронашле во утробата на сомот.

Имено, во оваа џиновска риба се пронајдени човечки коски и значки. После шокантното откритие во утробата на сомот, риболовците повикале и полиција, која набрзо покрена истрага за да го открие идентитетот на човекот чии коски се пронајдени во рибата.

Полицијата им се обрати на биолозите и форензичарите. Тие утврдија дека коските му припаѓаат на нацистички офицер од Втората светска војна и дека сомот е стар меѓу 90 9 110 години.

Експертите меѓутоа не можеа со сигурност да кажат дали човекот чии коски се пронајдени во утробата на речната ѕверка умрел на некој друг начин или сомот го убил па го изел.