-->
-->
Украински власти: 20 лица ранети во воздушен напад врз градот Дњепар
-->
Во воздушен напад врз Дњепар во центарот на Украина синоќа се ранети 20 лица, од кои три потешко се деца, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „напад на град“ лоциран во центарот на земјата.
„Во нападот се погодени две згради во станбен кварт на градот… За жал, има луѓе под урнатините“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Гувернерот на реонот на Дњепар Сергиј Лисак изјави дека во нападот се ранети пет деца, а според проценката на лекари состојбата на три од нив е многу тешка.
„Вкупниот број на ранети достигна 20, а меѓу нив 17 се префрлени во болница“, изјави гувернерот и изјави дека спасувачите продолжуваат да трагаат по жртви под урнатините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна