Украинците и денеска бегаат од Киев, во чии предградија се водат борби
Украинците, но и странците кои во моментов се наоѓаат во оваа земја, од вчераутро нападната од руската армија, и денеска масовно се обидуваат да ја напуштат. Огромни колони возила ги блокираа речиси сите излези од Киев.
-Ни требаа три часа за 15 километри, три ленти на автопатот се целосно пренатрупани со автомобили, а можеме да видиме луѓе како пешачат на запад, рече Млинариќ.
Таа вели дека откако почнале со евакуацијата на обиколницата на која се наоѓале се слушнале најмалку три детонации, што биле релативно блиску до нив.
Граѓаните на Киев минаа немирна ноќ, а детонациите почнаа рано утринава, додека неколку од нив биле многу силни. Цело утро се слушаа воздушни сирени.
Руската војска навлегува во Киев од север, од областа Чернобил, преку дел од градот наречен Оболонт, што е на 13 километри од центарот на градот, објаснува тој.
Таа додаде дека „од сигурни извори дознава дека еден од начините на кои руската војска влегла во Киев е што се војниците облекувале украински униформи и дека на тој начин се инфилтрирале“.
Ново на Сител
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО