Свет
11. February 2021 - 12:33

Украина забрани употреба на руската вакцина Спутник V на нејзина територија

Украина ја забрани употребата на руската вакцина Спутник V против Ковид-19 на своја територија со образложение дека ниту една вакцина произведена во „агресорска држава“ не може да биде дистрибуирана во земјата.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека ќе се користио „само вакцина на водечките производители“.

Киев и Москва имаат спор поради руската анексија на Крим во 2014 година и поради поддршката на Русија на сеператистите во Источна Украина.

Според непотврдени информации, Русија веќе доставила вакцини до проруските приврзаници во Источна Украина.