Свет
17. November 2019 - 9:56

Украина: Процесот на враќање на запленетите бродови од Русија во завршна фаза

Процесот на враќање на украинските бродови запленети на 25 ноември минатата година во Керченскиот залив е во завршна фаза, изјави денеска соработникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Андреј Јермак.

-Процесот на враќање на два мали оклопни брода и една реморкер е во завршна фаза, рече Јермак за украински медиуми.

Руските медиуми претходно објавија дека Русија планира да ги врати запленетите бродови пред самитот на Нормандиската четворка за кризата во Украина.