Украина одбива учество во ПССЕ поради Русија
Украинската делегација одби да учествува на седницата на парламентарното собрание на Советот Европа поради враќањето на руската делегација во организацијата. Тоа го нагласи претседателката на украинската делегација во ПССЕ, Јелисавета Јаско.
Заменик-претседателот на руската државна дума Пјотр Толстој изјави дека жали што украинската делегација одбила да учествува на есенската сесија на ПССЕ, што ќе се одржи во Стразбур од 30 септември до 4 октомври.
ПССЕ исто така нагласува дека Киев е должен да испрати делегација.
Шефот на една од политичките групи во ПССЕ, Тини Кокс, изјави дека сите земји-членки треба да учествуваат во работата на законските тела на Советот на Европа, како што е предвидено во резолуцијата „За улогата и мисијата на ПССЕ и нејзините идни задачи“, донесена со мнозинство од три четвртини минатата година.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност