Свет
17. January 2017 - 15:41

Украина ја тужи Русија за тероризам

Украина ја обвини Русија за тероризам пред Меѓународниот суд за правда, барајќи Москва да плати отштета за убивање цивили и соборување авион МХ17.

Киев побарал од Судот да прогласи дека Русија е одговорна за спонзорство на тероризам, за терористички акции извршени од нејзини ополномоштени лица во Украина.

Украина побарала судот да донесе одлука за отштета за соборен авион МХ17 (малезиски) во 2004 година и за бомбардирање врз цивили во градови во Источна Украина.

Ако Меѓународниот суд пресуди во корист на Украина одалуката може теоретски да има правни чекори во некои држави за замрзнување или одземање руски активи.