Loading Video...
Свет
30. May 2018 - 21:47

Украина ја обвини Русија за убиството на новинарот Бабченко

Украинскиот премери ја обвини Русија за вчерашното убиство на познатиот руски новинар и критичар на Кремљ , Аркадиј Бабченко. Москва експресно возврати на обвинувањата. Се уште не почната истрагата тие веќе знаат кој е виновен порача шефот на руската дипломататија Лавров и при тоа отфрли било каква вмешаност на Кремљ во убиството. 41 годишниот новинар бил застрелан три пати во грбот пред неговиот стан во Киев а починал на пат кон болница. Бабченко ја напуштил Русија во август 2017 година и се преселил во Украина поради како што тврдеше дека повеке не се чуствува безбеден во неговата земја.