Македонија
24. October 2015 - 14:57

Украдено огнено оружје од куќа во скопско

Четириесет и седум годишниот  Љ.Д. од Скопје вчера пријавил дека во с. Нова Брезница, во куќа негова сопственост, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со употреба на погоден алат делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел ловна пушка „Застава М-70“ и ловен карабин „Сувенир М-92“, со додаден оптички нишан „Бушнел“, кои истиот ги поседувал со дозвола и куршуми, а потоа го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.