УКРАДЕНО МИНАТО

Loading Video...

Украдено минато е романтична серија, добитничка на интернационалната награда за најдобра драма на фестивалот во Сеул, најдобра актерка и актер на магазинот Sayidaty. Покрај тоа,
номинирана е за најдобра драма на престижните ЕМИ. Во главните улоги ги гледаме ѕвездите на хит сериите Аси и Ѓумуш.

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо влијание во општеството. Господинот Тахсин има две деца - синот Корхан, кој за него претставува
големо разочарување, како и ќерката Сухан, која ја сака најмногу на целиот свет. Сухан е успешна и независна девојка, која има свој бизнис со брендирани парфеми, а Корхан е женет со младата и
опасна Џахиде, чија единствена цел е да остане бремена и да роди наследник на династијата. Но, таа се плаши дека нејзината золва Сухан може да забремени пред неа и на тој начин да се здобие
со право на семејното наследство. Затоа решава и да ја убие Зухан и ќе ѝ намести несреќа за да загине, но во тоа нема да успее затоа што еден странец ќе ја спаси девојката.
Тој странец е русокосиот убавец Џезур, кој со тој подвиг ќе ја добие наклонетоста не само на Сухан, туку и на господинот Таксин. Но, никој од богатите не ни може да претпостави која е намерата на Џезур. Тој се вратил во гратчето со една и единствена цел - одмазда кон фамилијата Корлудаг поради грешките од минатото за кои го обвинува господинот Тахсин. Џезур е решен да ја одмазди смртта на својот татко, за кого верува дека е убиен од Тахсин, па нема да бира средства да ја стекне довербата на семејството и да го повреди убиецот на татка си, онаму каде најмногу ќе го боли - ќерката Сухан. Но, она што Џезур нема да планира се чувствата кои ќе се родат меѓу него  и Сухан. Љубовта меѓу двајцата млади ќе стане посилна од сѐ друго и ќе ја надвладее желбата за одмазда на човекот кој се врати по неговото украдено минато.

Улоги: Киванч Татлитуг, Туба Бујукустун, Тамер Левент, Еркан Авчим, Серкан Алтунорак, Деврим Јакут и други.