Џет-Сет
24. September 2016 - 13:47

Украдени интимни фотографии на Пипа Мидлтон

Пипа Мидлтон е најновата жртва на хакерски напад. На сестрата на војвотката од Кембриџ и биле украдени приватни фотографии.

Непознат маж на медиумите им понудил 3.000 фотографии на Пипа и нејзините роднини од кралството за 50.000 фунти.

Меѓу фотографиите се и оние на кои Пипа пробува венчаница, но и такви на кои нејзиниот вереник Џејмс Метјуз е целосно гол, пишува „Сан“. Има и приватни снимки од нејзината сестра Кејт и децата Џорџ и Шарлот.

Скотланд Јард потврди дека го истражува овој случај.

Хакерот веднаш ги контактирал британските медиуми и истакнал дека е подготвен да ги продаде на тој што ќе понуди најмногу пари, а почетната цена е 50.000 фунти. Тој додал дека е свесен дека поради законите во Велика Британија најверојатно фотографиите ќе осамнат во американските медиуми, но прво им ги понудил на Британците. Истакнал дека е спремен сликите да и ги врати на Пипа доколку таа му плати.

Мидлтон веднаш ги контактирала своите адвокати и полицијата.

Познатите личности често се на мета на хакери, а со слични инциденти е соочија Џенифер Лоренс и Кејт Аптон.