Македонија
9. December 2016 - 14:39

Украден пиштол од паркирано возило во Скопје

На паркингот пред влезот од тврдината Кале, на улицата „Самоилова“ во Скопје вчера во периодот од 11 до 13:15 часот непознат сторител извршил тешка кражба во паркирано товарно моторно возило „Пежо Експерт“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.С. (46) од Кавадарци.

Сторителот го искршил триаголното стакло на левата страна од кабината од возилото, ја отклучил вратата, а потоа без да влезе во возилото, од под возачкото седиште одзел црна чанта во која имало пиштол „ЦЗ 75“, калибар 9мм, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.