-->
-->
Украден пиштол од куќа во Битола
-->
Пиштол марка „Застава“ М-57 калибар 7,62 мм и 50 куршуми со калибар 7,62 мм се украдени вчера од куќа на улица „Широка“ во Битола.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, непознат сторител со насилно отворање прозорец од куќа во сопственост на Н.М.(41) извршил тешка кражба и одзел пиштол марка „Застава“М-57 калибар 7,62 мм кој го поседувал со одобрение и 50 куршуми калибар 7,62 мм, по што го напуштил местото на настанот.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација