Македонија
2. January 2018 - 14:02

Украден автомобил во Скопје

Украден е автомобил синоќа на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје.

Скопјанецот Ф.Л.(25) пријавил дека синоќа во времето од 23:40 до 23:45 часот на улица „Кемал Сејфула" од страна на непознат сторител одземено му е патничко моторно возило „Пасат" со скопски регистарски ознаки. Во возилото имало паричник, две лични карти, две патни исправи, мобилен телефон и 250 евра со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.230.000 денари.

Како што информираат од МВР, крадецот дошол до паркираното возило кое било запалено и со клуч во бравата, влегол во него и заминал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.