Укинато задолжителното носење маска во Црна Гора
Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, вчера одлучи да престане со примената на мерката за задолжително носење заштитни маски.
Носењето заштитни маски останува задолжително за вработените и пациентите во јавните и приватните здравствени установи, во јавните и приватните установи за социјална и заштита на децата и за вработените и патниците во јавните превозни средства, соопшти Владината служба за односи со јавност на Црна Гора.
Исто така, беше решено да се овозможи сообраќај со земји во кои стапката на активни случаи на вирусот корона е над 25 на 100.000 жители, при што транспортот подразбира однапред одредени групи на патници и исклучува попатно влегување и излегување.
Исто така, можно е да се транзитираат луѓе и стоки преку Црна Гора, без можност за влез или за излез на патниците.
Исто така, беше решено дека залихите на заштитна опрема и средства за дезинфекција во сопственост на веледрогериите ќе бидат ставени на располагање на јавниот здравствен систем на Црна Гора, со паричен надоместок по пазарни цени.
На сесијата беше решено Институтот за јавно здравје во петок да го ажурира и објавува списокот на земји со помалку од 25 активни случаи на коронавирус на 100.000 жители, од кои е дозволен влез во Црна Гора без задолжителна институционална самоизолација.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна