Македонија
22. March 2018 - 12:30

Укината забраната за камиони на патот Маврово - Дебар

Укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак - Маврово - Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија.

Забраната е укината од 11:45 часот.

Во сила е забрана за камиони на патот Гостивар - Кичево  и обратно, преку планинскиот превој Стража .

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и Ѓавато.