Бизнис
19. July 2021 - 19:40

Укината дополнителната акциза за дизелот, идната недела нова цена за парното

Се укинува дополнителната акциза на дизел горивата - Од ноќеска на полноќ ќе бидат поевтини за два денари. Но бензините поскапуваат за половина денар. И покрај тоа што  граѓаните ќе се растеретат од оваа давачка, ќе се соочат со нова – наскоро се очекува да се воведе и еколошката такса на нафтените деривати од 3,5 денари. Но од РКЕ уверуваат дека  цените на дизелот во земјава и со оваа такса ќе бидат најниски во регионот.

Од РКЕ објаснуваат дека укинувањето на дополнителната давачка е проади тоа што просечната цена на дизелот на светските берзи скокна над 600 долари за тон и кога повторно ќе падне ќе се врати и дополнителната давачка. Анализите пак покажуваат дека цената на нафтата во иднина има тенденција да расте.  

Дополнителната акциза беше воведена со уредба во април минатата година, но со завршувањето на вонредната состојба таа уредба беше преточена во закон. 

Од следната недела ќе има нова цена и на парното греење.