УЈП присилно ќе наплатува радиодифузна такса
Управата за јавни приходи (УЈП) од 15-ти овој месец ќе почне со присилна наплата на неплатените сметки за радиодифузна такса, најавуваат од Управата.
УЈП ги повикува граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци за присилна наплата и блокирање на нивните сметки.
- Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на радиодифузна такса, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Виза, Маестро и МастерКард безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mk. Регистрацијата за е--Радиодифузна такса е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта, порачуваат од УЈП.
Управата им препорачува на граѓаните за проверка на состојбата на долговите и за проверка дека извршеното плаќање е евидентирано, да го користат електронскиот сервис е-Радиодифузна такса или со доказ за извршената уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.
Повеќе корисни информации граѓаните може да добијат преку Инфо центарот на УЈП на бројот 0800 33 000.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња