УЈП: Не се воведени никакви дополнителни давачки
Управата за јавни приходи најостро ги осудува обидите на одредени политички фигури за дезинформирање на бизнис заедницата и граѓаните за наводно воведување на нова јавна давачка поврзана со ГПРС фискалните апарати, реагираат од УЈП.
-Управата за јавни приходи нема воведено дополнителни давачки, што значи "нула" прилив во буџетот, а не 12 милиони евра како што се тврди за да се пополнат буџетски дупки. Целта на дезинформациите е очигледна – една од подобрите проекти на даночната администрација со позитивни оценки не само од бизнис заедницата, туку и од сите релевантни меѓународните организации, се користи за дневно политички препукувања и промоција. Податоците за наплатата на даночните приходи се јавно достапни, и секој доколку аргументирано дебатира и се разбира од даночни политики не може, а да не види дека процентите на наплата бележат пораст, стои во реакцијата на УЈП.
Нашата визија и стратешка определба, се додава во соопштението, е да ја намалиме сивата економија, да ги намалиме административните трошоци, а токму тоа се ефектите од воведувањето на ГПРС фискализација.
-Секој даночен обврзник е запознаен со обврската за сервисирање на фискалниот систем на опрема кај овластен центар, што не е новина што се воведе со ГПРС фискализација. Од друга страна, новина и олеснување кое за даночните обврзници се воведе со измените во Законот за регистрирање на готовински плаќања е обврската на овластениот центар да обезбедипревентивна проверка без надоместок, најмалку еднаш во годината. Би потенцирале дека трошоците за обезбедување на непречена комуникација и пренос на податоците преку GPRS апаратот и Управата што се одвива преку мрежите на мобилните оператори се движат до 600 денари, а сите други потреби, како што се функционална и техничка поддршка, поправка на фискалниот апарат и сл. се предмет на договор помеѓу овластениот центар и даночниот обврзник, се вели во реакцијата на Управата за јавни приходи.
Ново на Сител
-
Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме
-
Грузија: Уапсени 43 лица за време на антивладините демонстрации
-
Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата
-
Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 милиони евра од комбе со пари во близина на Атина
-
Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните
-
Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари