УХМР предупредува, доаѓа страшно невреме
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. На места врнежите ќе бидат пообилни и попладне повеќе ќе бидат застапени во источните делови, каде ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси.
Во моментов од Грција кон Гевгелија надоаѓа нестабилна воздушна маса од поголеми размери и во овој регион наскоро ќе има пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Истовремено Штип ќе биде зафатен од помала нестабилна маса што ќе предизвика слични појави.
Утре и во понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот (максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени). Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не смееме да дозволиме градоначалници да станат локални владетели, ниту пак статисти во процесите
-
Во Скопје денеска посебен режим на сообраќај поради протест
-
ДУИ ја почитува одлуката на Стејт Департментот
-
Вучиќ: Не сум Асад, нема да бегам
-
Васко Ковачевски недостапен за полицијата, во септември ја напуштил државата
-
Македонец почина на зимување во Банско
-
Зијадин Села до Груби: Повлечи се од политиката и соочи се со обвиненијата
-
Груби: Од медиумите дознав дека сум ставен на црна листа на САД