Македонија
1. July 2017 - 17:59

УХМР: Пороен дожд и грмежи, доаѓа страшно невреме

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 41 Скопје-Зајчев Рид ,Штип, Д. Капија, Гевгелија, 39 Скопје-Петровец, Прилеп, Виница, Битола, 38 Струмица, Тополчани, 37 Тетово, 36 Ѓуриште, Крива Паланка, Охрид, 35 Берово, Претор, 34 Пожаране, 29 Маврово, Лазарополе.
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и многу топло. Попладне имаше појава на умерена облачност и започна да дува умерен до засилен ветер, претежно од југозападен правец. Во повеќе места ветерот достигнуваше брзина од 50км/ч.
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе ја намали брзината.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ:  Претпладне сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе  места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме. Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во јужните делови
сеуште ќе се задржи многу топло. Минимална температура од 16 до 24, а максималната од 31 до 40 степени. УВ=8. Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура до 20, максималната до 35 степени.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд. Во понеделник и вторник ќе дув аумерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, за уште десетина степени. Потоа ќе има стабилизрање на времето, а температурата ќе биде во постепено покачување.