Кошарка
1. September 2015 - 13:33

Уертас ги засили Лејкерси

Иако беше објавено дека бразилскиот кошаркар Марселињо Уертас кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај, сепак негова следна дестинација ќе биде НБА лигата.
 
Како што наведува Yahoo Sports, 32-годишниот плејмејкер кариерата ќе ја продолжи во екипата на ЛА Лејкерс. Бразилецот со ‘езерџиите’ потпишал едногодишен договор.
 
Уертас изминатите шест сезони играше во Барселона, минатата сезона во Евролигата просечно бележел 7,4 поени и пет асистенции по натпревар.