Фудбал
10. July 2017 - 19:13

УЕФА ги подели картите за Суперкупот

Европската куќа на фудбалот ги подели картите за Суперкупот, сите оние коишто аплицираа својот одговор ќе го најдат на меил. Погледнете дали сте еден од ретките среќни добитници.
 
Аплицирањето заврши на 4. јули, а во игра беа 23 илјади влезници кои ќе бидат доделени преку лотарија. Потоа на 14. јули, в петок сите што имаа среќа ќе бидат информирани од УЕФА на кој начин ќе ги подигнат своите билети.
 
Мечот ќе се игра на 8. август и е еден од најспектакуларните во 42-годишната историја на Суперкупот. Реал Мадрид ќе игра во Скопје како европски првак, а Манчестер јунајтед како освојувач на Европа Лигата.