Loading Video...
Фудбал
28. April 2020 - 16:31

УЕФА до 25 мај бара конкретен план за продолжување на првенствата

 
 
Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес им постави рок на своите членки, односно националните фудбалски федерации,  да изработат план за завршување на прекинатата сезона. 
 
УЕФА побара до 25 мај, сите федерации го ги испратат своите планови, оставајќи им речиси едно месечен период истиот да го изработат, а притоа време во кое од УЕФА се надеваат дека многу појасна ќе биде ситуацијата со пандемијата на Ковид-19. 
 
Намерата на УЕФА е да не се брза со конечната одлука. 
 
Оптимизмот се должи и на најавите на повеќе европски земји кои веќе имаат утврдено и конкретен календар, односно датум за можен рестарт на националните шампионати. 
 
Според најавите, повеќето од нив би требало да започнат во јуни и да завршат до крајот на јули месец, како на Европската федерации би и останал месец август за организирање на завршницата во двете европски натпреварувања Лигата на Шампионите и Лига Европа.