Македонија
28. јуни 2019 - 14:53

Удрил двајца пешаци па побегнал

Тетовската полицијата е во потрага по возач кој вчера наутро удрил во двајца пешаци и побегнал од местото. Инцидентот се случил околу девет часот на кружниот тек на улицата „Илинденска“ и „171“.

-Со возилото биле удрени Ш.Ш.(44) и М.З.(26), двајцата од Тетово. Од ударот здобиле повреди и со друго возило се пренесени во Клиничката болница. Таму им е укажана лекарска помош, соопшти СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово по што е почната потрага по возачот.