Македонија
13. September 2018 - 10:27

Училишен автобус во светиниколско Амзабегово тргнал со отворени врати, тешко повредено 12-годишно дете

Вчера околу 07.10 часот во село Амзабегово, светиниколско, при влез во автобус „Ивеко“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ѓ.(62) од Свети Николе, 12-годишно момче од село Амзабегово паднало и се  здобило со тешки телесни повреди.

Автобусот бил застанат за прием на патници-ученици од основно училиште и во моментот кога тргнал задната врата била се уште отворена и момчето паднало.

По укажана лекарска помош во приватна здравствена установа во Свети Николе, детето било префрлено во болницата во Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.