Македонија
8. October 2021 - 15:21

Ученик претепан од чувар на основно училиште во Кочани

Вработен како обезбедување во основно училиште во Кочани физички нападнал ученик во училиштето и му нанел повреди.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ОВР Кочани ќе поднесе кривична пријава против О.Ц.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Во врска со настанот бил извршен разговор со О.Ц. и очевидци.