Балкан
5. September 2020 - 13:09

Учебната година на Кипар ќе започне една седмица подоцна поради високите температури

Поради високите температури, Министерството за образование на Кипар, одлучи почетокот на учебната година да се пролонгира за една седмица и да започне на 14, наместо на 7 септември, јави дописничката на МИА.

Министерот за образование на Кипар Продромос Продрому рече дека одлуката е донесена поради „невообичаено високите температури, во комбинација со влажноста и присуство на прашина во атмосферата и земајќи ги предвид релевантните совети во врска со потребната превентивна и грижа за здравјето на наставниците и децата“.

Во училишните клупи, согласно здравствените протоколи, ќе се вратат сите ученици, односно класовите и одделенијата ќе бидат во полн состав, а не во групи како што беше случај на крајот од претходната учебна година.

Маската ќе биде задолжителна за средношколците, додека пак за учениците од основните училишта, употребата е по сопствен избор.

Според кипарската новинка агенција ЦНА, во средните училишта, на клупите, ќе биде поставен плексиглас меѓу учениците.