Македонија
22. April 2019 - 16:56

Убиени татко и малолетен син во Слупчане

Татко и 8 годишен син се убиени доцна синоќа во с. Слупчане. Во нив директно се испукани повеќе куршуми од огнено оружје. Жртвите се пронајдени во автомобил опел астра во кој се превезувале, на местото викано „Слупчански Бунар“. Испуканото возилото е со скопски регистарски таблички. Според полицијата се работи за 47 годишен маж од с. Опае и неговиот син.

Увидот покажал дека во таткото и синот е пукано од близу.

„Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.

Кој и зошто пукал во нив се уште не се знае. Полицијата трага по сторителите. Неофицијално убиениот се занимавал со лихварство.