Свет
17. January 2017 - 9:11

Убиени најмалку осум египетски полицајци при напад врз контролен пункт

Најмалку осум египетски полицијаци се убиени и тројца се повредени при напад на исламисти врз контролен пункт во земјата, пренесува БТА.

Нападот е извршен синоќа во провинцијата Нова долина, на околу 600 километри југозападно од Каиро. 

Најмалку двајца од напаѓачите се убиени. 

Египет стана место на повеќе од тригодишен континуиран исламистички бунт, откако војската го симна од власт претседателот Мохамед Морси од движењето „Муслимански браќа“.