Свет
8. July 2021 - 10:37

Убиени четворица осомничени за убиството на претседателот на Хаити, двајца в затвор

Четворица осомничини се убиени, а двајца се уапсени по убиството на претседателот на Хаити Жовенел Моиз, соопшти полицијата.

Тројца полицајци биле киднапирани од напаѓачите, но во меѓувреме се пуштени, рече полицискиот наредник Леон Чарлс во телевизиска емисија.

Понатамошни детали за потрагата за напаѓачите не се објавени.

Моиз беше убиен ноќта кон средата во нападот на неговата резиденција во близина на главниот град Порт О Принс.

Група вооружени луѓе, од кои некои зборувале шпански и англиски, го нападнаа неговиот дом и го застрелаа.

Неговата сопруга Мартине е тешко ранета во атентатот и префрлена во болница во мајами, рече за меѓународните медиуми амбасадорот во САД, Бочит Едмонд.

Амбасадата на Хаити во Вашингтон го опиша убиството мна Моиз како добро координира напад на високообучена и тешко вооружена група.

Амбасадата, 53-годишниот претседател, кого критичарите го сметаа за автократ, го нарече вистински државник посветен на напредокот на демократската транзициска земја и борбата против корупцијата. Амбасадата додава дека Моиз умре во одбрана на демократијата.

Локалните медиуми јавија дека напаѓачите се претставиле како службеници на американсата Управа за борба против дрогата (ДЕА). „Извештаите за вмешаност на ДЕА се потполна лага“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

Хаити со години е во длабока политичка криза, а демонстрациите против владеењето на Моиз ја парализираа земјата.

Моиз со земјата владееше со декрет откако неговата администрација не одржа избори во октомври 2019 година. Хаити немаше парламент од почетокот на новиот законодавен период во јануари 2020 година.

Привремениот премиер Клод Жозеп го осуди атентатот како нехуман и варварски чин и рече дека безбедносните сили ја имаат ситуацијата под контрола и ги повика Хаиќаните да останат мирни. „Демократијата и ррепубликата ќе победат“, рече тој.

Претседателскит и парламентарните избори во земјата, како и уставниот референдум, сега се закажани за 26 септември.

Сѐ уште не се знае кој ќе го наследи Моиз на местото претседател ни кој ќе ја преземе власта.