Убиен шестоодделенец во пукање во училиште во Ајова, напаѓачот се самоуби
Шестоодделенец загина, а петмина се ранети кога тинејџер пукал во училиште во Ајова. Осомничениот е 17-годишниот Дилан Батлер, средношколец во градот Пери.
Осомничениот, Батлер бил пронајден мртов од полицајците со самонанесена прострелна рана.
При претресот на училиштето, потоа била откриена импровизирана експлозивна направа, која била деактивирана од пиротехничари. Пукањето се случило на првиот ден од пролетниот семестар.
-Сè уште не ни е сосема јасно што се случило, но можам да потврдам дека веќе нема никаква опасност за граѓаните. Заедницата е безбедна, рече шерифот на округот Далас, Адам Инфанте.
Во зградата во тој момент имало многу малку ученици и наставници. Наставата во средното училиште Пери е откажана за денеска. Пери, град со приближно 7.
900 жители, се наоѓа на околу 40 милји северозападно од Де Мојн, главниот град на државата.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора