Свет
25. March 2016 - 9:08

Убиен руски војник во Сирија

Руски војник е убиен во борба кај сирискиот град Палмира, јави ТАСС, повикувајќи се на анонимен рурски воен претставник.

Вработен во руската военовоздухопловна база Хемеимем во Сирија го пријавил смртниот случај, изјавувајќи дека војникот настрадал кога во близина на населеното место Тадмор ги насочувал руските воздушни напади на позиции на ИД.

Тој истакна дека исламистите го забележале рускиот војник и го опколиле.

Точниот датум на убиството не е соопштен.