Балкан
2. July 2016 - 10:48

Убиен познат бизнисмен - Полицијата трага по сторителите

Неколку лица вчеравечер пукале на познат бизнисмен.

Недалеку од својата куќа во населбата Нов град во Суботица во петокот вечерта околу 23 часот е убиен 42-годишниот познат бизнисмен Мирко Миличевиќ нарекуван Хајчар.

 

Како што пренесува српскиот портал Новости.рс Мирко бил убиен додека возел мотор, а непознатите сторители пукале на него со неколку куршуми, по што тој им подлегнал на повредите.

Увидот траел до доцна во ноќта, а полицијата најпрвин го блокирала целиот крај, по што трагала по лицата кои се упатиле кон непознат правец по стореното дело.