Убиен лидер на муслиманска екстремистичка група во Филипини
Филипинските сили за безбедност денеска го убија лидерот на муслиманската екстремистичка група која изведе повеќе „трагични напади“ врз цивили, со цел да ја стекне поддршката на борците на Исламска држава во Ирак и Сирија, соопштија филипинските власти.
Мохамад Џафар Магид, основач и лидер на групата Ансарул Хилафа, малку по полноќ бил убиен во летувалиште на јужниот остров Минданао, а при тоа биле уапсени и тројца негови соработници, соопшти полицијата.
- Тој беше гонет заради бомбашки напади. Таа група користи импровизирани експлозивни направи, убивајќи луѓе на локални прослави, рече шефот на локалната полиција Седрик Трејн.
Според него, филипинската екстремистичка група во своите кампови поставува знамиња на Исламска држава и сака да биде признат самопргласениот „Исламски Калифат“.
Ансарул Хилафа е една од неколкуте насилни исламистички екстремистички групи на Минданао, каде живее бројно малцинство на филипински муслимани и каде повеќедеценискиот сепаратистички бунт однесе повеќе од 120.000 животи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација