Loading Video...
Ракомет
18. May 2019 - 17:49
Убедливи победи на Вардар и Металург
Ракометарите на Вардар и Металург остварија убедливи победи во дуелите од 8.коло на Супер лигата.
Вардарци рутинирано го добија мечот против Бутел со 28-20, додека Металург беше убедлив во дуелот против Пролет совладувајќи го убедливо со 41-27.
Со тоа вардарци го одржуваат максималниот ефект и со 21 бод се лидери на табелата пред Еурофарм работник и Металург кои имаат по 15, со тоа што битолската екипа вечерва го игра градското дерби со Пелистер, а Металург пак има еден натпревар повеќе од црвено-црните.
РАКОМЕТ – СУПЕР ЛИГА 8.коло
МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ 41 - 27
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 28 - 20
ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК од 18:30 часот
ТАБЕЛА
1 ВАРДАР 21 бод 7 натпревар
2 ЕУРОФАРМ Р. 15 6
3 МЕТАЛУРГ 15 8
4 БУТЕЛ 6 8
5 ПРОЛЕТ 62 6 8
6 ПЕЛИСТЕР 3 7
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->