Ракомет
17. April 2021 - 20:03

Убедлива предност за Романките пред реваншот во Скопје

Нашите најдобри ракометарки го загубија првиот бараж дуел за пласман на СП во Шпанија од домашната Романија и тоа убеливо со 33-22. 
Уште по првиот дел Романките направија убава предност од 4 гола со што најавија жестоко второ полувреме за нашиот тим што и се оствари. 
Кристина Неагу беше незапирлива во романскиот тим и постигна дури 11 гола додека во нашиот тим Сара Ристовска  постигна 8 погодоци од 10 обиди.  По 5 гола постигнаа јаневска и Стојковска. 
Се покажа дека Романија е сеуште пресилен противник за нашите ракометарки и реваншот за 7 дена во Скопје останува само формалност.