Loading Video...
Кошарка
18. November 2018 - 15:07
Убедлив пораз на македонските кошаркарки од Шведска
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, го претрпе и петтиот пораз во евро-квалификациите.
Нашите кошаркарки се совладани убедливо од Шведска со 70 поени разлика 48-118 во меч кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ а во рамките од Г квалификациската група.
Без речиси комплетна прва петорка и без интернационално засилување, од подмладениот состав кој на располагање го имаше селекторот Марјан Лазовски и не можеше да се очекува повеќе. Можеби тоа е и реалната слика колку се вложува во младите кошаркарки, пред се од страна на клубовите.
Но, иако болно, искуството, кое овие млади кошаркарки го стекнуваат низ овие средби, е скапоцено.
Останува овие квалификации да бидат комплетирани со мечот во среда (21 ноември) кога црвено-жолтите ќе и гостуваат на Хрватска која вчера беше поразена на домашен терен од Италија со 52-64.
Италија и Шведска кои имаа по 9 бодови, во директна пресметка ќе решаваат за првото место во групата.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->