Македонија
11. December 2018 - 18:05

„Убавицата и ѕверот“ најгледана театарска претстава во Македонија

По рекорден 350-ти пат во Tеатарот за деца и младинци ќе биде одиграна претставата “Убавицата и Ѕверот”. Со нејзината утрешна изведба, претставата ќе стане најизведуваната во 73-годишната историја на македонскиот театар, а досега ја виделе над 40 илјади гледачи

Дека не станува збор за обична претстава, туку за културно наследство, говори фактот што ваква бројка на одиграни претстави досега немала ниту една македонска театарска изведба, иако биле на репертоарот со децении

Според плановите кои ги обелодени заменикот министер за култура и еден од актерите во “Убавицата и Ѕверот”, претставата во наредниот период ќе биде изведувана во нов објект на Театарот за деца и младинци, кој би требало да почне да се гради наредната година.