Балкан
5. July 2019 - 10:19

Уапсено едно лице за подметнување на пожарот на грчкиот остров Евија

Службеници на Дирекцијата за справување со криминалот со подметнување пожари и истражни службеници од Противпожарната служба на Грција, уапсија 64 годишен Грк за пожарот на грчкиот остров Евија што изби вчера во 14.15 по локално време, а се уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Уапсениот, како што соопштуваат од Противпожарната служба на Грција, пожарот, веројатно го предизвикал со употреба на оган за да ги запали остатоците од култивациите во околината на неговиот дом, а денес ќе биде изнесен пред јавен обвинител.

Надлежните служби работат на откривање на причините за двете други жаришта на островот Евија.