Уапсени: Жител од Стајковци и еден од Синѓелиќ саделе канабис во паланечко

По претходно добиени сознанија дека на подрачјето на село Ранковце, кривопаланечко, има насади од растението „Канабис сатива“, лоцирани на м.в „Блидечка река“, од страна на полициски службеници од ОНТДО Куманово и ПО Ранковце преземени се оперативно - тактички мерки, при што на вчера во 14.30 часот лишени се од слобода С.С (41) од скопското село Синѓелиќ и Д.А. (41) од скопско Стајковце, додека ги наводнувале насадите. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.
Притоа биле пронајдени и запленети вкупно 63 стебла од непознати растенија во големина од 0,7 до 2,5 метри, кои се откорнати и со потврда за одземени предмети се одземени.
Одземени биле и едно кесе од ѓубре, една пластична туба бела боја и една пластична кофа црвена боја.
По целосно расчистување и документирање на настанот ке биде поднесена кривична пријава против С.С и Д.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Ново на Сител
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
-

Преглед на вестите од светот
-

Судски совет и државниот обвинител со оценка за извештајот на ЕУ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски за злоупотребите со ИПАРД: Има да одговараат од еден до последен
-

Државниот обвинител го повика Ѓорѓиевски да ги пријави злоупотребите во јавните претпријатија
-

Вреди не отстапува на местото на Изет Меџити да дојдат двајца нови министри
