Македонија
5. March 2021 - 18:45

Уапсени три лица меѓу кои и еден малолетник во тетовско Стенче - Полицијата кај нив пронашла марихуана

Вчера околу 23.50 часот на регионалниот пат Тетово-Волковија, во тетовско Стенче, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.И.(19) и Ф.Б.(19), двајцата од гостиварско Чегране и 17-годишник од гостиварско Форино, соопштија од МВР.

При нивен и преглед на возилото „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Ф.Б., била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.