Уапсени шест лица за поврзаност со нападите во Брисел
Белгиската полиција синоќа уапси шест лица во рамки на истрагата за нападите врз аеродромот и метро станицата во Брисел во вторникот, при шти загинаа 31 лице, објави белгиската национална телевизија ВРТ.
Според телевизијата, лицата биле уапсени при полициски акции во центарот на Брисел и во населби во северозападните и севроисточните делови на градот.
Апсењето на шестмината осомничени за поврзаност со нападите во Брисел ја потврдил извор во белгиското Јавно обвинителство, додека полицијата одбила да ги коментира ваквите информации.
Претходно синоќа, францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев соопшти дека во близина на Париз бил уапсен француски државјанин, кој е осомничен за членство во милитантна група која планирала напади во Франција.
- Ова апсење помогна да се спречи заговор во Франција кој бил во поодмината фаза, изјави Казнев во обраќање кое беше пренесувано на француската национална телевизија.
По апсењето полицијата извршиле претрес во зградата во која живеел осомничениот во париското предградие Аржантој, при што пронашла експлозив.
Казнев исто така нагласи дека засега нема докази за поврзаност меѓу нападите во Брисел во втроникот и оние во Париз од 13 ноември минатата година.
Белгиското јавно обвинители меѓутоа вчера соопшти дека бомбашот-самоубиец кој го изврши нападот на метро станицата во Брисел, имал изнајменп куќа што била користена како засолниште за терористите од Париз, поради што полицијата уште од декември трагала по него.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.