Македонија
25. October 2018 - 10:48

Уапсени познати наркодилери од Тетово, еве што пронајде полицијата при претресот

Вчера од 16,30 до 17,20 часот Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на Ф.У.(36) од Тетово на улица „Штипска“ во Тетово.

При претресот, реализиран со судска наредба, понајден е хероин, а кај Е.И.(38), исто така, од Тетово, кој бил со него, пронајдена е марихуана.

Двајцата се лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.