Македонија
13. February 2020 - 21:16

Уапсени наркодилери во Гостивар и гостиварско

Во гостиварското село Чегране синоќа околу 21.00 часот полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Н.(28), Р.Б.(25) и И.А.(27), сите од Чегране, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Од МВР денеска соопштија дека тие биле задржани во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денес околу 01.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода албанските државјани Љ.Ш.(28), Ф.Ј.(20) и Р.Б.(36). При претрес, извршен со судска наредба, во дом и помошни простории на ул.„Илинденска“ во Гостивар, каде престојувал Љ.Ш., била пронајдена марихуана, метална дробилка и дигитална вага. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.