Македонија
6. November 2019 - 10:55

Уапсени дилери на марихуана во Скопје и Тетово

Вчера во 18.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Шарпланинска“ ги лишиле од слобода Р.К.(20) и 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај била пронајдена марихуана. 

Вчера во 21.20 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Жан Жорес“ го привеле М.Б.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Вчера во 21.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на кеј „13-ти Ноември“ го привеле Т.Н.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Вчера околу 21.45 часот во тетовското село Лешок, полициски службеници на СВР Тетово го привеле И.К.(36) од тетовско Доброште, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосното документирање на случајот, против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.