Фудбал
28. September 2017 - 14:13

Уапсени делии во Келн

Осуммина навивачи на Црвена Звезда кои се наоѓаат на листата од 500 потенцијални хулигани, се уапсени во Келн од претпазливост, пренесува германскиот весник Експрес. Како се наведува во информацијата  во градот немало никакви инциденти. Експрес наведува дека меѓу уапсените е и Иван Богданов , еден од најпознатите хулигани и иницијатор на прекинот на средбата на репрезентацијата на Србија со Италија во Џенова.  Според најавите во Келн се отпатувани 5000 делии, од кои половината допатувале од Србија, а половина од Германија и околните земји. Средбата се Келн Звездаво рамките на ЛЕ се игра вечерва од 19.00.